Силјановска Давкова: Во Грција ќе видите „Фиром“, „Скопиа“, но не и „Северна Македонија“ – не го кршиме ние Преспанскиот договор

169

Барам разбирање. Го имаме Преспанскиот договор. Се смени Уставот, сменивме документи и за надвор и за внатре, дури и шахтите ги сменивме, но кога во Договорот има две страни, треба и другата страна да покаже кооперативност. Јажето има два краја и обично двајца го влечат. Ние мислам дека многу одговорно се однесувавме кон Преспанскиот договор, реализиравме обврски дури и пред да истечат роковите, но не сум сигурна дека Грција тоа го стори, таму ќе видите „Скопиа“, „фиром“, но не и Северна Македонија, рече вечерва претседателката Гордана Сиљаноска Давкова.

Ако зборуваме за демократија треба сите да внимаваме што бараме.

Крајната десница е евроскептична и нема разбирање за проширувањето, а како што гледаме тие сили во време на војна се во пораст.

Да беа совесни и етични тие во судскиот совет по сите скандали, сами ќе си поднесеа оставки

Ако треба постојано да внимаваме на етничка застапеност, во еден орган каде што има многу моќ јас ставив две жени.

Мислам дека г-ѓата Бежовска е добра гувернерка и дека претходните биле одлични, не сум разговарала за нејзина промена.

Власта не смее да се однесува со опозицијата како што се однесуваше претходната, треба силна и конструктивна опозиција, посакувам СДСМ да излезе од кризата во која што е.

Сите влади треба да вклучуваат и албански партии заради градење меѓуетнички односи, се надевам по 20 години учество во парламентот ДУИ научија што е демократија.

Во кабинетот ми посочија дека си имало ротации, дека на ред е да оди владата, можеби Мицкоски ќе има непријатно, а можеби пријатно искуство во Вашингтон.

Сликата понекогаш може да биде омраза не само говор на омраза, не сум љубителка на протоколи.