Силјановска ги собра потребните потписи за претседателската кандидатура

138

За само неколку часа собрани над 10 илјади потписи во подрачните канцеларии на ДИК за поддршка за кандидатурата на професорката по уставно право Гордана Силјановска Давкова за претседател на државата. Иако претходно професорката ја доби довербата од мнозинството делегати на ВМРО-ДПМНЕ за нивен претседателски кандидат, сепак побара и граѓаните да одлучат, за како што вели да покаже дека е надпартиски кандидат. Таа преку својот Фејсбук профил изрази благодарност до граѓаните.

https://www.facebook.com/gordana.siljanovska.71/videos/117181956086445/