Силно невреме во Чешка: Едно лице загина, неколку се повредени на музички фестивал

66

Во силното невреме што ја зафати Чешка, едно лице загина, а седум лица се повредени на музички фестивал во Јилхава, кога снемало струја, а покривот на конструкцијата почнал да се тресе.

Еден 57-годишен маж починал во близина на северниот град Нимбурк, откако гранка од дрво паднала врз него пред неговата куќа во саботата вечерта, изјави портпаролот на службата за итни случаи за Си-Ен-Ен Прима њуз.

Во Прага маж е тешко повреден, а неговата партнерка е полесно повредена кога врз нив паднало дрво.

Паника избувна во шатор на музички фестивал во Јихлава, на околу 100 километри југоисточно од Прага, кога снема струја и покривот на конструкцијата почна да се тресе.

Толпата исплашена се упатила кон излезите, а во гужвата седум лица се здобиле со полесни повреди, пренесе агенцијата ЧТК.

Силните ветрови однесоа два замоци во село во јужна Полска. Во инцидентот повредени се четири лица, меѓу кои и тригодишно дете, јавува новинската агенција ПАП.