Силно невреме во Германија – поплавени сообраќајници, предизвикани големи штети во делови од земјата

192

Невреме ги поплави патиштата и предизвика штети во делови од Германија, објавија во петокот локалните власти, додека другите делови од земјата исто така се подготвуваат за силен дожд.

Службите за итни случаи беа повикани на стотици локации, а најтешко е погоден регионот Франконија во Баварија. Неколку автомобили останаа заробени под вода во подвозниците во Нирнберг и Фурт.

Најголема финансиска штета се случи во Унтермерцбах, северно од Нирнберг, каде што гром веројатно запалил магацин со 60 до 70 возила, соопштија пожарникарите во првата проценка.

Во Тирингија улиците беа поплавени и во градот Нордхаузен, а тамошните служби беа повикани да ја отстранат водата од подрумите и патиштата.

Над 100 милилитри дожд наврнаа во тој регион за помалку од 12 часа, објавија германските метеоролози.

Во градот Лудвигсхафен се запалила семејна куќа, најверојатно и поради удар на гром. Повредени нема, но штетата изнесува 100.000 евра, јавува dpa.

Во петокот наутро метеоролошката служба издаде предупредување за уште три области во северниот дел на Тирингија.