Силна експлозија во Цезареја: Резиденцијата на Нетанјаху и седиштето на Мосад -цел на нападите со дрон од Либан

15
Фото:принтскјрин, Х видео

Дрон од Либан беше лансиран во саботата кон приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во северниот град Цезареја, изјави неговиот портпарол.

Тој додаде дека израелскиот премиер не бил во близина и дека во тој напад нема жртви, пренесува Ројтерс.

Медиумите во саботата наутро објавија дека силна експлозија се слушнала во Цезареја поради, според полицијата, „очигледен напад со дрон“.

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека од Либан кон Израел биле испукани три беспилотни летала, од кои едниот погодил зграда во Цезареја. Според соопштението на ИДФ, другите два дрона биле пресретнати.

Израелската армија објави и дека утринава во Тел Авив се огласиле сирени поради напад со дрон во областа Глилот, каде се наоѓа главната разузнавачка база на ИДФ и штабот на Мосад. Израелската војска се уште не соопшти дали беспилотните летала биле пресретнати или соборени.

Сирени за предупредување од проектили се огласија во областа Хаифа и во северниот град Јокнам Илит.