Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер во 7 часот и 44 минути, соопшти ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри и дваесет километри од градот Козан, каде живеат околу 88.000 жители.
https://twitter.com/LastQuake/status/1683715156218454018?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1683715156218454018%7Ctwgr%5Ef5dbaca9830a239bc1348e711e076f257d537a17%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Fsilen-zemjotres-ja-pogodi-turcija%2F
Жителите на Турција на веб-страницата на ЕМСЦ наведуваат дека земјотресот траел прилично долго, приближно 15 секунди и дека зградите и куќите се нишале.
Засега нема извештаи за жртви или значителна материјална штета.