Силен земјотрес во Индонезија

19

Земјотрес со интензитет од 6,2 степена денеска го погоди брегот на Индонезија, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту предупредување за појава на цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 204 километри јужно од градот Манадо, на длабочина од 86 километри.