СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО БИХ: Има повредени – оштетени се куќи, паднати кровови, одрони…/ВИДЕО

174
Фото: Klix.ba/Facebook

Босна и Херцеговина во саботата вечерта беше погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, на 13 километри северно од Зеница.

Според првите информации, епицентарот на земјотресот бил на 10 километри северозападно од Зеница на длабочина од осум километри, а земјотресот предизвикал и одрони на патиштата. Едно од нив се случи на влезот во тунелот Врандук.

Оваа информација за порталот N1 БиХ ја потврдија од МВР на Зеничко-добојскиот кантон. Имено, како што соопшти полицијата, оштетени се две возила.

„Имаше уривање на влезот во тунелот Врандук. Според досегашните информации, оштетени се две возила, едно лице е повредено. Сè уште не е познат степенот на повредата. Наши луѓе се на терен и работат на санирање на штетите“, велат од Оперативниот центар на МВР на ЗДК.

Премиерот на Зеничко-добојскиот кантон Незир Пивиќ соопшти дека се повредени четири лица.

„Почитувани граѓани, имаме нови информации за штетите предизвикани од земјотресот што го погоди подрачјето на Зеница. Според информациите на Кантоналната управа за цивилна заштита, во градот Љубетово е забележано рушење на плочки од неколку куќи и уривање на еден потпорен ѕид. На патот М17 во Јелина се случи одрон. За жал, пријавени се и четири случаи на повреди на граѓани, од кои еден во Јелина, а тројца граѓани пријавиле повреди поради паѓање градежен материјал од згради и куќи. Двајца од повредените се задржани во Кантоналната болница Зеница. Нашата полиција и службите на Кантоналната управа за цивилна заштита се во готовност и ја следат состојбата на терен“, најави премиерот.

Граѓаните на Зеница се вознемирени и по земјотресот излегле на улица, објави klix.ba.

Досега не се пријавени поголеми материјални штети иако во Зеница имало разрушени и паднати фасади. Неколку села во планинскиот предел околу Зеница немаат струја.

Првично земјотресот беше пријавен како посилен со 5,4 степени според Рихтер, но Сеизмолошкиот завод на БиХ подоцна објави дека силата му била 4,7 во епицентарот.