Силен ветер не дозволи авион да слета на аеродромот во Дубровник, мораше пак да се издигне во воздух/ВИДЕО

485

Силно невреме, кое често предизвикува проблеми во авиосообраќајот во Дубровник, денеска околу 11:30 часот повторно му нанесе потешкотии на пилотот на летот на Аер Лингус од Даблин.

На социјалните мрежи е објавено видео од слетувањето на авионот на аеродромот Руѓер Бошковиќ, додека силeн ветер го носеше авионот и не дозволуваше да слета.

Иако слетувањето изгледало речиси невозможно, пилотот успеал да слета без никакви проблеми по првиот неуспешен обид, јавуваат дубровничките медиуми.

Оваа ситуација не е невообичаена при слетување во услови на силно невреме, а колку пилотите се навикнати на ваквите ветрови покажува и фактот дека авионот слетал со 7 минути доцнење.