Силвестер Сталоне зажали што прифатил една улога

131

Силвестер Сталоне, познат по своите легендарни улоги како боксерот Роки Балбоа и воениот херој Рамбо, постигна светски успех благодарение на својата упорност и одлучност. Неговиот најголем триумф беше во 1976 година со филмот Роки, кој стана културен феномен, освои три Оскари и го стави Сталоне во центарот на холивудската сцена. Овој филм сè уште се смета за негово најголемо достигнување.

Иако изгради импресивна кариера, Сталоне признава дека направил некои грешки. Една од нив, како што изјави на конференцијата во 2008 година, е поврзан со филмот Judge Dredd (Судијата Дред) од 1995 година.

„Најголемата грешка што некогаш сум ја направил е несмасниот пристап кон судијата Дред“, изјави актерот, а пренесе Far Out Magazine. Филмот, базиран на херој од стрипови, имаше потенцијал за мрачна и интересна визија за иднината, но не ги оправда очекувањата.

Сталоне дополнително го разјасни своето разочарување од филмот, велејќи: „Мислев дека концептот може да биде фантастичен, но некој мора да ја преземе одговорноста кога работите не функционираат – и бидејќи бев најпрепознатлив, морав да го сносам најголемиот товар“. Покрај тоа што филмот е полн со референци за поп-културата, Сталоне сметаше дека не ја пренесува правилно суштината на ликот и приказната, што го остави незадоволен.

Филмот Judge Dredd беше оживеан во 2012 година под режисерската палка на Пит Тревис и со помош на сценаристот Алекс Гарланд, донесувајќи помрачна и подинамична визија на приказната. Иако филмот на Сталоне не ги исполни очекувањата, судијата Дред останува потсетник на предизвиците и ризиците од создавање уметност, дури и за најискусните актери.

 

ИЗДВОЕНИ