Силвана Арменулиќ и докторот од филмот “Тома“ новогодишната ноќ ја поминаа во Ровињ на Јадранско Море

2107

Додека народот покрај малите екрани за Нова година уживаше гледајќи го филмскиот хит “Тома“, едни од главните глумци Тамара Драгиќевиќ, која ја играше пејачката Силвана Арменулиќ, и Петар Бенчина кој го играше докторот на Тома Здравковиќ, празниците ги поминаа во романтичниот Ровињ на полуостровот Истра на северниот дел од Јадранско Море.

Тие и во приватниот живот се маж и жена, живеат во среќен брак и имаат деца. Токму со нив уживаа покрај морето во оваа ненадејна јануарска пролет. Што правеа таму во Ровињ, град кој многумина го сметаат дека покрај Дубровник, Свети Стефан и Венеција е еден од најубавите на Јадран.

Деновите им поминуваа во пријатни прошетки на топло сонце покрај морето на воздухот полн со јод кој ги прочистува сите дишни патеки во организмот, а навечер кога децата ќе заспијат Тамара и Петар одеа на романтична вечера во некој добар ресторан со носталгична далматинска музика.

Локалните музичари ги препознаваа од филмот, па за нивниот ќеф знаеја да им засвират и по некоја староградска песна од репертоарот на Тома Здравковиќ. Оттаму брачно-филмската двојка праќаше хармонични семејни фотографии, од кои се гледа дека уживаа како семејство. (Д.М.)