СЗО најави брзи корона-тестови за посиромашните земји

51

Брзи дијагностички тестови за ковид-19, кои покажуваат резултати за 15 до 30 минути, ќе бидат пуштени во употреба низ светот. Во земјите со ниски и средни примања СЗО ќе достави 120 милиони таканаречени, антиген-тестови.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се договорила со партнерите да осигура 120 милиони брзи тестови на коронавирусот за државите со ниски и средни приходи на населението.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече оти цел на планот е на овие држави да им се помогне да го намалат јазот во тестирања во однос на побогатите држави. Средствата за програмата сѐ уште не се целосно осигурани, еден тест чини 5 долари, а вкупно ќе бидат потребни 600 милиони долари.

Се очекува реазлицијата да започне во октомври. Со брзите тестови се трага по антигени или протеини на површината на вирусот. Тие се значително побрзи од ПЦР тестовите, но главно се сметаа за помалку сигурни. Тестовите кои изгледаат како тестови за бременост, со две сини линии кои прикажуваат позитивен резултат, ќе бидат прегледувани од здравствени работници. Тестовите на едната компанија веќе имаат добиено итна дозвола од СЗО, додека другиот тест се очекува дозволата да ја добие наскоро. Сигурните резултати се добиваат за 15 до 30 минути во просек, по пониска цена од ПЦР тестовите, рече Гебрејесус.

Бројот на починати од Ковид-19 во светот надмина еден милион, пробивајќи нова психолошка граница во пандемијата која ја девастрираше глобалната економија, ги преоптовари здравствените системи и го промени нашиот начин на живот, извести новинската агениција Ројтерс. Со коронавирусот во светот досега вкупно се заразени над 33,3  милиони луѓе, а Ковид-19 глобално однесе над еден милион животи, се најновите податоци на Ројтерс.

Од првите случаи на заразата, забележани во Кина во декември 2019 година, над 210 земји и територии во светот забележија појава на вирусот. Бројот на мртви од последици од вирусот годинава е двојно поголем од бројот на луѓе кој годишно умираат од маларија. Стручњаците предипредуваат дека вистинската бројка е веројатно многу поголема.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го нарече ова „мачна пресвртница“. „Сепак, никогаш не смееме да го загубиме од вид секој живот. Без разлика дали се тоа таковци и мајки, сопруги и сопрузи, браќа и сестри, пријатели и колеги. Болката е помножнена со дивјаштвото на оваа болест“, изјави тој во видео порака.