Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека го издала првото одобрение за употреба на вакцина против мајмунски сипаници кај возрасни, нарекувајќи ја важен чекор во борбата против болеста во Африка.
Според одобрението на СЗО, вакцината може да се администрира на луѓе постари од 18 години во режим на две дози, пренесува АП.
Во одобрувањето се наведува дека иако вакцината во моментов не е одобрена за лица под 18 години, таа може да се користи кај доенчиња, деца и адолесценти „во услови за појава на епидемии каде што придобивките од вакцинацијата ги надминуваат потенцијалните ризици“.