Се јави и сопругата на Шумахер: Тој е во добри раце, негова желба е да молчиме

141

Сопругата на легендарниот возач во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, Корина, и се обрати на јавноста по повод педесетиот роденден на седумкратниот шампион, кој му беше на трети јануари. Таа испратии соопштение до јавноста во кое им се заблагодари на сите за големата поддршка.

  • Мило ни е и од срце ви се заблагодаруваме што го славиме неговиот 50 роденден. Можете да бидете сигурни дека е во добри раце и работиме се за да му помогнеме. Ве молам за разбирање, бидејќи ние постапуваме по неговите желби, па чувствителните теми, како здравјето, ги оставаме во приватната сфета. Ви се заблагодаруваме на пријателството и ви посакуваме многу среќа и здравје во 2019 година, се наведува во соопштението.

Инаку, неговата сопруга додаде дека наскоро ќе стартува и веќе најавениот виртуелен музеј во чест на легендата во „најбрзиот циркус на денешницата“.

  • Како негов подарок, за вас и за нас, креиравме виртуелен музеј кој наскоро ќе стартува, па ќе можете да ги видите сите успеси на Михаел. Официјалната апликација „Михаел Шумахер“ ќе биде уште еден чекор за да ги испочитуваме сите негови достигнувања. Сакаме добро да се забавувате во неа. Михаел може да биде горд на тоа што го постигна, а воедно и ние сме горди на него. Ги паметиме сите успеси благодарејќи на приватната изложба во Келн, но и низ објавите на социјалните мрежи, па така овој пат ќе ја продолжиме неговата хуманитарна работа низ Кип фајтинг фондацијата. Сакаме да продолжиме да ги славиме неговите рекорди, додаде Корина.

Шумахер пред пет години претрпе стравична несреќа за време на скијањето на француските Алпи, а здравствената состојба на седумратниот шампион од тој момент не е позната за јавноста. Медиумите со години шпекулираат, бидејќи неговите најблиски совршено ја чуваат големата тајна. Неодамна се појави информација дека неговото лекување изнесува дури 55.000 евра месечно.