Се шири снимка од потонувањето на „Москва“, се огласи и Кремљ/ВИДЕО

1828

Прво се појавија фотографии, а сега и снимки кои ја покажуваат штетата на потонатиот руски воен брод „Москва“.

На снимката објавена во анализа на BBC,  се гледа како избива чад од дупки по целиот брод што сугерира дека на бродот брзо навлегла голема количина вода. Исто така изгледа и дека сите чамци за спасување се употребени.

Украина вели дека ја потопила „Москва“ со две ракети Нептун, додека Москва тврди дека бродот бил оштетен по експлозија на муниција, а потоа потонат поради морска бура.

Кремљ се јави и со коментар за снимките и фотографиите.

„Ја видовме снимката, но не можеме да кажеме колку е автентична и вистинита“ – изјави Дмитриј Пешков, портпарол на претседателот Владимир Путин.