Се чувствувате изгубено на работа по одморот: Вака ќе го „преживеете“ прилагодувањето

66

Враќањето на работа по одмор може да изгледа како вистински пекол бидејќи сѐ сте заборавиле, а ве дочекува планина од нешта што треба да ги завршите и тоа во најкус можен рок.

Не очајувајте бидејќи постојат начини како да си олесните.

Направете листа на приоритети

Постои изрека „подобро да се спречи отколку да се лечи“, затоа пред да заминете на одмор направете листа на тековни проекти или обврски за кои знаете дека ќе ве чекаат кога ќе се вратите, а ова посебно важи за оние што не дозволуваат одложување и ќе морате да ги завршите во првите работни денови.

На овој начин ќе го прескокнете прашањето дали сте заборавиле нешто или кој е следниот чекор што треба да го направите.

Вклучете ги колегите

Постојат обврски кои не можат да чекаат на вашето враќање назад, па оставете им детални упатства на колегите кои ќе ве заменуваат и ако имате претпоставени, известете ги кој ќе ја врши тековната работа наместо вас.

Поставете автоматски одговор за телефон и е-пошта

Можете да вклучите говорна пошта на вашиот телефон, со порака дека сте моментално на одмор, датумот на вашето враќање и вашиот приватен број во случаевите на итност.

Повратната е -пошта треба да каже колку долго сте на одмор и кој ве менува.

На овој начин го постигнувате следново: ќе имате квалитетен одмор без да ве вознемируваат од работа, а вашите колеги и соработници ќе знаат точно кому да се обратат.

Информирајте се што се случувало додека сте биле отсутни

Исто така, корисно е да се договорите со колегите или претпоставените да ви испратат краток извештај ден пред да се вратите на работа за тоа што се случило додека сте отсуствувале, за да имате увид пред да пристигнете во канцеларијата.

Друга опција е да организирате краток состанок со претпоставениот или колегите кога ќе се вратите, пишува Ekspres.net.

Оставете го вашиот работен простор уреден и чист

Сортирајте ги документите така што новите документи, договори што ќе пристигнат во ваше отсуство, нема да бидат изгубени.

Оставете барем еден слободен ден од враќање од патувањето

Ако за одморот заминавте некаде, препорачливо е да си оставите барем еден слободен ден пред да се вратите на работа.

Искористете го за отпакување, за одмор ако патувањето ве изморило и подгответе се да се вратите на вашите тековни секојдневни обврски.

Означете важни датуми во календарот

Пред да се вратите на работа, погледнете го календарот и обврските што ве чекаат во следните неколку недели.

Ова ќе ви помогне да не се чувствувате „изгубено“ кога ќе се вратите.

Прво, поминете низ најитните работи што ви останале уште пред да заминете на одмор, а потоа направете план за обврските што ве чекаат.

Правете редовни паузи

Разговарајте со вашите колеги, а во моментите кога ве фаќа криза – погледнете ги вашите фотографии од одморот и „наполнете ги батериите“.