Во Македонска Каменица се чисти регионалниот пат кон село Саса.
– Ова е една од многуте акции преку која вработените во ЈП „Камена Река“ покажуваат одговорност кон зачувување на чистата околина и борба против загадувањето на истата – информираа од јавното претпријатие „Камена Река”.
Од таму додадоа дека вакви акции се планирани и за наредниот период.
– Во зависност од временските услови, најавуваме спроведување на повеќе редовни еко акции на повеќе локации во Општината, во кои покрај крупната механизација, редовно ќе бидат вклучат и сите вработени во организацијата – додадоа каменичките комуналци.
Претходно во слична акција екипи на претпријатието го расчистуваа излезот кон општините Делчево и Кочани.