Општина Ѓорче Петров продолжува со краткорочните мерки за намалување на загадувањето. Градоначалникот Александар Наумовски вели дека општинските комунални служби, согласно временските услови, продолжуваат со чистење на општината.
– Четири кубни метри смет се подигнати во населбата Даме Груев од улицата ,,Лепенец”. Една од причините за загадувањето на воздухот е и отпадот кој несовесно се расфрла по улиците, тротоарите и тревните површини. Апелираме на совесност, напиша Наумоски на неговиот фејсбук-профил.