Екипи на „ЈП Улици и патишта“ деновиве почнаа со чистење на косините на кејот на реката Вардар.
Во рамките на овие активности рачно се чисти десната косина на Вардар на потегот од хотелот „Александар Палас“ до болницата „Аџибадем Систина“. На овој потег се коси тревата, се отстрануваат грмушките и другата вегетација, а се собира и пластичната амбалажа.
Чистењето на косините ќе продолжи и во наредниот период во делот кај мостот „8 Септември“, а потоа и кон населба Влае од левата страна на мостот „Обединети Нации“.