СЕ ЧЕКА СО ЧАСОВИ: Редици на првиот ден од отворањето на пунктот на МВР за лични документи без закажување/ФОТО

985

Од денеска официјално започнува со работа новоотворениот пункт во полициската станица „Пролет“, кадешто граѓаните кои не ги замениле личните документи ќе имаат можност, без закажување да го направат тоа. На првиот ден од отворањето пред пунктот се создаде долга редица од граѓани кои чекаат за промена на личните документи.

Фото: Ѕ.Плавевски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со  раководството на МВР денеска го посети пунктот за промена на лични документи без закажување.

Министерот Оливер Спасовски рече дека пунктот ќе биде со работно време од 8 наутро до 18 часот, со можност за продолжување на работното време за уште два часа. Според проценките, дневно ќе бидат опслужувани 1000 граѓани.

Спасовски вели дека ако се продолжи со оваа динамика ќе се променат личните документи до предвидениот законски рок, 14 февруари.