СЕ ЧЕКА ВЕСТ ЗА НАЈМЛАДИОТ ЗАЛОЖНИК: Бебето Кфир не е во рацете на Хамас, го предале на друга терористичка група/ФОТО

85
Фото0: StandWithUs X screenshot

Портпаролот на израелската армија Авичи Адрае денеска изјави дека Хамас ја префрлил контролата на некои заложници во Газа на „други терористички групи“.

Истовремено, тој истакна колку е страшна ситуацијата во која децата и бебињата помлади од една година се во заробеништво на Хамас повеќе од 50 дена.

„Некои беа третирани како плен и во одредени случаи префрлени на други терористички организации во Појасот Газа“, напиша тој на платформата X.

Израелската армија соопшти дека семејството Бибас – родителите Јарден (34) и Шири (32), како и нивните два сина на возраст од 10 месеци и четири години – се меѓу заложниците кои им биле предадени на други терористи. Се верува дека ги користат за продолжување на сегашниот договор за прекин на огнот, иако не е јасно каде точно се наоѓаат и каква е нивната состојба.

Семејството беше киднапирано од член на Хамас од нивниот дом во Кибуц Нир Оз за време на терористичкиот напад на 7 октомври и дадено на друга палестинска фракција во Кан Јунис, град во јужниот дел на Газа познат како упориште на Хамас.

Семејството Бибас, особено бебето Кфир, стана еден од најпрепознатливите заложници – видеата на кои се гледа теророт и траумата што ги доживеа семејството станаа вирални набргу по киднапирањето.