Се уште немаме одговор на прашањето што се случува со Новак Ѓоковиќ

108

Прославениот американски тенисер Џим Куријер, вели дека јавноста се уште нема точен увид во се што се случува со Новак Ѓоковиќ.  Американецот го заинтегрира однесувањето на Новак Ѓоковиќ на мастерс турнирот во Индијан Велс, особено сценариото во кое светскиот тениски рекет број еден загуби во третото коло во сингл, а после 45 минути победи во конкуренција на двојки.

-Тоа беше многу збунувачка ситуација за мене. Прво излезе на терен и играше со многу малку енергија. Еден час подоцна играше во двојки и победи. Јас тоа не можам да го сфатам. Мислам дека се упте немаме одговор на тоа што точно се случува со него, изјави Куријер.

Поранешниот тренер на најдбориот тенисер на денешницата Швајцарецот Роже Федерер, Пол Анакон, не е загрижен за однесувањето на српскиот тенисер.

-Една од работите која мораме да ја имаме на ум е тоа дека причина за загриженост треба да се има ако оваа ситиација се повтори четири или пет пати. Видовме како загуби на првиот турние сезонава, а потоа го освои Австралија опен. За Новак да почне да паѓа, потребно е повеќе од еден пораз. Тој се уште игра на високо ниво и нема причина за загриженост, изјави Анакон.