Со триумфот над Стефанос Циципас, српскиот тенисер по рекорден десетти пат го освои грен слем турнирот Австралија опен и се изедначи со рекордот на Шпанецот Рафаел Надал по бројот на осовени титули од големите натпреварувања. Сега двјацата имаа по 22. грен слем титули и во наредниот период следи голема битка за тоа кој ќе биде тенисерот со најмогу грен слем титули.
Но, Србинот по историскиот триумф, даде интервју на поранешниот тенисер, а сега новинар Сомдев Деварман, кое неочекувано се претвори во интимна исповед.
„Ве знаеме сите ние кои сме тесно поврзани со АТП турнејата. Знаеме сѐ што сте направиле. Сè што сте направиле за ПТПА, за децата што тренираат во вашата Академија, колку сте им помогнале на браќата Шабанов, младиот Меѓедовиќ или поранешните играчи Виктор Троицки и Илија Бозољец. Тука е и фондацијата Новак Ѓоковиќ која ја водите со сопругата Јелена. Кога имаше поплави во Србија или некаде во светот, таму е Новак Ѓоковиќ. Помогнавте и кога имаше пожар во Австралија… И повторно, дел од светот мисли дека не ја добивате поддршката што ја заслужувате. Но, моето прашање е – зошто го правиш сето ова?“, започна Деварман.
Ѓоковиќ на ваквата најава одговори: „Мислам дека никој досега не спомнал толку убави работи за мене и за тоа што сум го направил. Ти благодарам од се срце, пријателе, што ги спомна овие работи. Сите овие работи ги правам не затоа што сакам публицитет, туку затоа што навистина чувствувам дека треба да помогнам и да бидам тука за луѓето кои имаат помалку среќа.
Србинот кој само од наградни фондови на турнирите има заработено 167 милиони долари не заборави да се потсети од каде доаѓа.
„Доаѓам од Србија, од деведесетите. Поминавме низ две војни, ембарго… Во текот на четири години, ниту еден наш спортист не смееше да ја напушти државата и да се натпреварува на меѓународната сцена. А јас тогаш пораснав во Србија. Секое утро во пет часот со стотици луѓе чекавме ред за леб и млеко. Секоја зора чекав леб и млеко, а потоа дедо ми го ставаше на маса за нас шестмина. Знам како е тоа чувство. Знам дека треба да ценам се што имам. Го почитувам сето тоа и затоа секогаш сум свесен дека многу луѓе ширум светот имаат многу помалку среќа. Затоа преку мојата фондација и тениски центар во Србија се трудам да останам во спортот и да бидам тука за луѓето. Знам дека не правам доволно, секогаш можам повеќе, но давам сѐ од себе, заврши првиот светски рекет во светот.