Се урна спортски авион кај Приједор, две лица загинаа

290
Две лица загинаа во падот на мал спортски авион во близина на аеродромот во Приједор, соопшти полициската управа во Приједор, Босна и Херцеговина.
Порталот Српска инфо наведува дека настрадале инструкторот за летање и неговата ќерка.
Околу 15.00 часот авионот се урнал во нива покрај патот Приједор-Козарска Дубица.
Местото на несреќата го обезбедуваат припадници на полициската управа Приједор, а присутни се и припадници на Територијалната противпожарна единица за спасување.
На местото на несреќата со своите соработници пристигнал и градоначалникот на Приједор, Слободан Јавор.