Најубавата голферка во светот, Пејџ Спиринач (30), ужива голема популарност, а ја носи и титулата најубава жена на светот во изборот на машкото списание „Maxim“. Последен пат настапи на голф-турнир пред повеќе од шест години, по што не сакаше да се врати на теренот.

Таа целосно ѝ се посвети на работата како инфлуенсерка на Инстаграм, објавувајќи провокативни фотографии и од година на година заработува милиони. Таа имала можност да запознае многу познати личности, но тврди дека ѝ се „скратувале нозете“ од нервоза откако го запознала најдобриот голфер на сите времиња – Тајгер Вудс.

Спиранач објасни дека обично не сака да зборува за средбите со познати личности поради стравот од можни инсинуации или несоодветни коментари. Овој пат, сепак, направи исклучок и откри дека средбата со Тајгер Вудс била многу особена за неа.

  • Тој е единствената личност што ме има вознемирено толку многу што зедов часови по голф од него на неговиот хуманитарен настан „Тајгар Џем. Се тресев како лист, бев многу нервозна. Но, тој беше толку убав! Тоа беше моментот кога помислив: „Не можам да верувам дека ова е мојот живот“, објасни Спиранач.