Се судрија два градски автобуси во Белград, повредено е дете

52

Попладнево два автобуса на ГСП се судрија на автобуската постојка Џон Кенеди на булеварот Михајлo Пупин, во правец кон општина Нов Белград.

Како што јави репортерот на N1 од местото на настанот, автобусот од линијата 17 удрил во паркирано возило на јавен градски превоз од линијата 611.

Според неофицијални информации, во таа прилика полесно е повредено тригодишно дете.

Се очекува наскоро возилото од линијата 17, кое е тешко оштетено, да биде отстрането од станицата бидејќи се очекува да пристигне специјално возило од градската сообраќајна служба за да го извлече ова возило.

Од МУП претходно за Н1 изјавија дека околу 16 часот и 40 минути дошло до судир на автобус и патничко возило на улицата Џон Кенеди, при што едно лице се пожалило на повреди.