Под влијание на влажен воздушен бран од југозапад, од денеска во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет. На планините со надморска височина од 1400 – 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски во најновата анализа на временските услови.
Поради понатамошно спуштање на студена воздушна маса од север, во четврток во попладневните и во вечерните часови особено во западните и во северозападните предели, врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на местата од под 1000 метри, со што врнежи од снег ќе има особено на повисоките населени места, а слабо провејување на снег локално можно е и во градовите.
Во четврток попладне и навечер ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието.
Во Скопје исто така ќе има повремени врнежи од дожд, а особено во четврток попладне и навечер на околните планини ќе провејува снег. Можно е слабо провејување на снег и во повисоките предели од котлината, а ќе дува и засилен ветер од северен правец.
Со овој бран на врнежи, на планините и на Скијачките центри ќе дојде до формирање на нова снежна покривка (понекаде за околу, па и повеќе од 10 сантиметри снег). Помала снежна покривка можно е да се формира и на повисоките населени места во западните и во северозападните предели од државава.
Во петок, како и за време на викендот ќе имаме стабилно и суво време со повеќе сонце, што значи ќе одмориме од ова многу променливо време.
Од четврток наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, и тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 1 степен, а релативно студено време ќе имаме и преку ден со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 10 степени.
Исто така и во земјите од регионот во следните часови очекуваме снег и формирање на снежна покривка и на помала надморска височина, а на планинските места, особено во Босна ќе дојде до формирање на поголема снежна покривка (од 10 до 20 сантиметри снег).