Со заслужениот триумф на „Олд Трафорд“, фудбалерите на Кардиф се простија од елитното друштво во англиската Премиер лига. Двата погодока на натпреварот беа дело на Натаниел Мендез-Лаинг, кој на тој начин стави крај и на очајната сезона која ја имаа фудбалерите на Манчестер Јунајтед. Најтрофејниот клуб во Премиер лигата заврши на 6-та позиција и остана без пласман во Лигата на шампиони.

Изминатото лето, како и секогаш, многу се очекуваше од новата сезона, но само после неколку недели, беше јасно како ден дека Јунајтед ќе има слична судбина каква што имаше во изминатите сезони.

Според навивачите и медиумите, постојат многу виновници за таквиот резултат, почнувајќи од менаџерот, па до играчите. Интересно, поранешниот фудбалер на Јунајтед и поранешен репрезентативец на Англија, Пол Паркер, е убеден дека најголем виновник за очајната сезона е бразилскиот интернационалец Фред.

  •  Искрено, се сомневам дека е Бразилец. Мислам дека никој нема дилема околу фактот дека Фред е најголемото промашување во редовите на Манчестер Јунајтед. Така размислуваат сите навивачи на Јунајтед, изјави Паркер.

Бразилецот пристигна на „Олд Трафорд“ изминатото лето за околу 60 мил. евра, а на одиграните 25 натпревари постигна еден погодок и запиша една асистенција.