Се собра кворум за вакцинација во А1 арената „Борис Трајковски“/ГАЛЕРИЈА

115

Денес во А1 СЦ Борис Трајковски се вакцинираат пратениците од Собранието, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација.

Вакцинацијата на пратениците се одвива во три групи односно од 10 до 18 часот. На 14 ти месецов беа вакцинирани собраниските служби.

„Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните. Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура“, информираат од Министерството за здравство.

фото: Н. Батев