Се соблече Спенџарска, како супер-Јелена во мрежести хулахопки!

222

Македонската водителка која инаку ја гледаме како дел од екипата на ТВ Канал 5, стана супер Јелена. И тоа само затоа што Спенџарска не престанува да изненадува и да остава без здив голем број свои следбеници на Инстаграм. Врвот на изненадувањето е нејзнината црно-бела фотографија на која е во мрежести црни хулахопки.

Извајана како сирена, оптегната со испружени нозе и со црни обувки со потпетица, супер Јелена навистина изгледа супер! Веднаш по објавената слика нејзините фанови коментираат дека ваква вамп-водителка Македонија последниве две-три години не виделa, а потоа се редеа и некои понуди за брак од нејзините машки обожаватели. Дали случајно или намерно, но супер Јелена си ја постигна целта. Важно дека никого не оставила рамнодушен. Па, ниту оние девојки кои се палат на девојки. Која како што љуби, нели?! Д.М.