Српскиот ракометен репрезентативец Новак Бошковиќ извршил самоубиство во својот дом, јавија српските медиуми. Тој настапуваше за националниот тим на Србија на Европското првенство во 2016 година
Бошковиќ си го одземал животот пукајќи со пиштол во глава. Пиштолот го поседувал на легален начин, а мотивот за самоубиство засега е непознат.
Српската полиција го истражува случајот, а во моментите кога Новак Бошковиќ си го одземал животот во домот била и неговата сопруга.