Се шири лажна вест дека починала Калиопи, објавена е и монтирана фотографија: Пејачката бара реакција од надлежните/ФОТО

597

На социјалните мрежи се рашири морничава вест дека Калиопи починала, а како причина за нејзината наводна смрт се наведени мозочна циста и срцев удар.

Беа дури објавени и монтирани фотографии на кои таа наводно лежи во болнички кревет, а покрај нив е напишаноо дека пејачката се бори за живот.

Таа веднаш покрена постапка против непознато лице, кое ја објавило лажната вест, па се огласи:

– Секогаш тврдев дека не постојат добри и лоши луѓе, туку луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нечовечен чин поведена е пријава и постапка што ја водат надлежните органи. Во минатото имаше разни злоупотреби на моето име, но оваа морбидност ги надмина сите досегашни манипулации, напиша пејачката и додаде:

– Зарем не сте свесни дека можеби мајка ми, сестра ми, брат ми би можеле да го прочитаат овој текст и директно да ги загрозите нивниот животи. Апелирам до Одделот за високотехнолошки криминал и до Министерството за внатрешни работи да преземат итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби.

Под оваа објавата таа доби грст коментари од своите колеги за поддршка.

„Болесници“, „Грозно, спаси нѐ Боже“, „Ова е страшно“, коментираат Милица Тодоровиќ, Саша Капор и други нејзини колеги.