Покрај делови на Скопје и околината кои беа погодени од вчерашното силно невреме, бурата што траеше петнаесетина минути ги зафати и Кратово, Штип Пробиштип, Кочани и Виница и предизвика материјална штета на дел од кровните конструкции на неколку објекти, а штети имаат и земјоделците.
Општинскиот кризен штаб во општина Бутел работи на терен на расчистување на последиците од невремето и обилните врнежи кои ја зафатија општината. На терен работи и целосната механизација со која располага Општина Бутел, информира градоначалникот Дарко Костовски, во објава на фејсбук.
И градоначалникот на Гази Баба Бобан Стевковски информираше дека повеќе од 40 луѓе се ангажирани на расчистување на последиците од невремето кое го зафати Скопје.