Се проширува филтер-станицата во Пробиштип – донација од “Искра” Словенија

93

Пробиштип почна со проширување на Филтер-станицата. Станува збор за капитален проект што се реализира со најголемата донација досега за општината. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, вели дека од декември 2018 година фирмата „Искра“ од Словенија е вклучена во проширувањето на филтер-станицата.

– Со проширувањето на филтер-станицата се зголемува капацитетот, односно од 75 литри на 100 литри на секунда. Но, во функција ја ставаме и старата пумпна станица во село Ратавица, со што ќе имаме и можност да обезбедиме и техничка вода за приватниот сектор што ќе биде големо олеснување – вели Анастасов.

Проектот чини 1,2 милиони евра кои се обезбедени од Словенија и од буџетот на Владата на Република Македонија.

Општина Пробиштип има филтер-станица, а водата за пиење ја обезбедува преку најсовремениот систем за водоснабдување во источниот регион Хидросистемот „Злетовица“.