Познатата американска јутјуберка Руби Френки е уапсена и обвинета за тешко малтретирање на нејзините шест деца. Едно од децата успеало да побегне од куќата во која мајка им ги држела заробени, известува Гранд њуз.
Неухранетото, исцрпено и повредено дете побарало помош од соседите.
@catchupnews Ruby’s eldest daughter wrote, ‘justice is being served’ in her social media #catchupnews #rubyfranke #momandchildren ♬ original sound – CatchUp
Веднаш ја известиле полицијата кога виделе дека момчето на рацете и нозете има остатоци од лентата со која било врзано. Полицијата веднаш ги уапсила Руби и нејзиниот партнер Џоди.
Детето побарало од соседите храна и вода, но тие веднаш повикале полиција кога виделе дека е врзано.
„Детето беше многу слабо, имаше отворени рани по телото. Ситуацијата била толку сериозна што лекарите со возило на брза помош веднаш го пренеле во болница“, изјавил портпаролот на полицијата.
Руби Френки се прослави преку својот канал на Јутјуб, каде објави видеа за нејзиниот строг начин на воспитување деца. Одземање храна, вадење на вратата од спалната соба, закани за фрлање играчки и облека, се само дел од строгите методи кои Руби ги применувал при воспитувањето на децата.
Нејзиниот канал, на кој имаше повеќе од 2,3 милиони следбеници, оттогаш е отстранет од оваа платформа.