Раководните лица на англискиот премиерлигаш Ливерпул и агентите на египетскиот интернационалец Мохамед Салах најпосле седнаа на преговарачката маса. Главна тема на дискусија е продолжување на соработката затоа што искусниот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер. Британските медиуми се убедени дека двете страни тешко ќе најдат заеднички јазик околу продолжувањето на соработката.