СЕ ПОГОЛЕМ Е ПРИТИСОКОТ: Војната во Газа да заврши до крајот на 2023.

124
EPA-EFE

Мохамед Черкауи, професор на Универзитетот Џорџ Мејсон, вели дека Израел може да се соочи со притисок да ги прекине непријателствата во Газа за време на посетата на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во наредните денови.

„Американскиот претседател Џо Бајден повеќе не е за актуелната израелска влада, особено што тој го окарактеризира израелскиот министер за безбедност Итамар Бен-Гвир како некој што не треба да биде во владата“, изјави Черкауи за Ал Џезира.

Тој додаде дека Белата куќа ја „повлече линијата“ затоа што Израел нема јасна стратегија да ја постигне целта за елиминација на Хамас, со зголемениот број загинати во Газа, кој надмина 18.000.

„Ако Нетанјаху сметаше на уште најмалку два месеци, декември и јануари, за да ја исполни својата воена мисија, мислам дека тоа нема да трае толку долго. Веројатно е дека САД ќе извршат притисок да ја прекинат војната пред крајот на 2023 година“, додаде Черкауи.