Се повеќе Срби имаат милиони на девизните штедни книшки

93

Каматите на девизното штедење се исклучително ниски, но во играта со големите бројки, сепак има заработка, На пример, на влог од милион евра годишната камата е околу 10.000 евра

Според податоците на Народната банка на Србија (НБС) во банките има 378 девизни штедни влогови поголеми од половина милион евра. Овие штедачи на банките на чување им дале околу 450 милиони евра, што значи дека просечната вредност на штедните влогови кои припаѓаат на групата од над половина милион евра е околу 1,2 милиони евра. Централната банка нема податоци за бројот на штедните партии поголеми од половина милион евра, пренесува Дневно.рс.

Статистиката на НБС ги следи штедните партии, а не физичките лица поединечно, така што не е невозможно некој да има и повеќе штедни партии со вложени повеќе од милион евра. Интересно е дека бројот на овие, условно кажано милионери, се зголемува, бидејќи една година порано ги имало 351.

Каматите на девизното штедење се исклучително ниски, но во играта со големите бројки, сепак има заработка, На пример, на влог од милион евра годишната камата е околу 10.000 евра.

Сепак, овие милионери се само исклучок. „Правило“ се малите влогови, бидејќи во банките има најмногу „ситни“ влогови до 500 евра. Поточно, постојат околу четири милиони такви влогови, што е 81,2 отсто од вкупниот број. Според вредноста, тие во вкупната девизна заштеда учествуваат со 0,9 отсто.

Во НБС велат дека според податоците од 29 јануари годинава вкупната динарска заштеда во домашните банки достигнала 62 милијарди динари, додека девизното штедење изнесува 10,083 милијарди евра. Динарската заштеда во вкупното штедење учествува со околу пет отсто и нејзината висина и учество константно растат. Во 2018 година зголемена е за 23 насто, што како што велат во НБС, а пренесува Дневно.рс, укажува на се поголема доверба на граѓаните во динарот и во монетарната политика која тие ја спроведуваат.

Во Централната банка редовно укажуваат на поголемата исплатливост на динарското, во однос на девизното штедење и тоа како на долг, така и на краток рок. Атрактивноста на динарското штедење во однос на девизното е во релативно повисоките каматни стапки на динарското во однос на девизното штедење, но и неколку други фактори.

– Пред се, голем придонес на поголемата исплатливост на динарското штедење дава монетарната стабилност. Исто така, приходот по основ на камати кој се остварува на динарското штедење е изземен од обврската за плаќање данок, за разлика од приходот на девизната заштеда, кој е предмет на оданочување, велат во НБС.

Кога станува збор за девизно штедење, каматната стапка на нововложените пари на граѓаните во евра – валута со најголем удел во девизното штедење, во просек изнесува 1,16 отсто на годишно ниво.

Според податоците за динарското штедење од крајот на минатата година, најголем број штедни партии (89,3 отсто) се однесуваат на заштеди на помали суми (до 10.000 динари). Штедни партии на кои се штедат суми поголеми од милион динари има 13.675, со просечна вредност на партија од околу три милиони динари.