Се повеќе причини да го вклучите овој корен во планот-здравје

105

Ѓумбирот има разновнидна намена – може да се додава во кашести сокови, разни други овошни сокови или јадења. Има бројни својства поради кои се смета за многу лековит плод кој дава посебен вкус. Оние кои што пијат чај од ѓумбир веќе го имаат почувствувано неговото смирувачко својство.

Ѓумбирот влијае како моќен лек против гадење, содржи хемиска супстанца гингерол, која има антиинфламаторно и антиоксидативно дејство.Оваа супстанца има и ефект на намалување на грчевите во мускулите, што го олеснува варењето на храната.

Ѓумбирот е исто така ефикасен во намалувањето на болката во менструалниот циклус, но и во ублажувањето на штетните несакани ефекти од хроничниот стрес. Сето ова се должи на високиот процент на антиоксиданти кои можат да му помогнат на организмот во борбата против срцевите заболувања, високиот крвен притисок и белодробните заболувања.

Се верува дека ѓумбирот потенцијално може да го намали нивото на холестерол и да ги ублажи проблемите предизвикани од остеоартритис, па дури може да помогне и во слабеењето, пишува Healthline. Ѓумбирот исто така содржи антифунгални својства, благодарение на кои помага во борбата против инфекцијата и зајакнувањето на имунитетот.

Ако се борите со разни респираторни инфекции или други воспалителни проблеми, можете да додадете свеж или мелен ѓумбир во вашата диета за да ги искористите неговите придобивки.

Сепак, важно е да се напомене дека ѓумбирот може да влоши некои состојби. Бидејќи има способност да го загрее телото, може да ги влоши проблемите со рефлукс на киселина.

Исто така, може да предизвика надуеност и гасови, па затоа треба да следите како телото ќе реагира на ѓумбир и дали тоа ќе создаде проблеми со варењето. Луѓето кои веќе ги имаат овие проблеми не треба да користат ѓумбир.