Австралиската пливачка Ема Мекион и стави крај на кариерата. Таа освои 14 олимписки медали на Игрите во Рио 2016, Токио 2021 и Париз 2024 година – шест златни, три сребрени и пет бронзени. Со 14 олимписки медали, таа е најодликуваната спортистка во Австралија.
Триесетгодишната Австралијка претходно посочи дека Игрите во Париз, каде што го освои златото во штафетата на 4Х100 метри слободно, ќе бидат нејзините последни Олимписки игри во кариерата.
„Горда сум на себе што дадов апсолутно сè на мојата пливачка кариера, и физички и психички. Сакав да видам на што сум способна и направив. Пливањето ми даде толку многу. Сонот започна на петгодишна возраст, па се до моите трети Олимписки игри. Толку многу лекции, пријателства, спомени…“, напиша Ема Мекион на социјалните мрежи.