Се пензионирам поради мојата сопруга

49

Еден од најголемите визионери во фудбалската историја, легендарниот холандски стручњак, Луис ван Гал, во 67. година од својот живот реши да стави крај на својата богата тренерска кариера.

Откако во 2016 година стави крај на соработката со англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, ЛВГ три години беше без разбота, но сега донесе одлука дека е време да се пензионира.

  • Готово е со работа. Мојата сопруга е најсреќна поради донесената одлука. Таа веќе 22 години е во пензија, а тоа го направи за да биде со мене. Јас и ветив дека ќе се пензионирам кога ќе имам 55 години, но тоа ќе го направам на 67 години. Не можам повеќе. Како што играчите имаат право да бидат со мене, така и јас имам право да бидам со мојата сопруга, изјави Ван Гал.

Холандскиот стручак беше предводник на Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар, Баерн (М) и Манчестер Јунајтед. Најголемите успех го забележа во 1995 година кога со тимот на Ајакс го освои трофејот во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, а со репрезентацијата на Холандија го освои 3-то место на Мундијалот во Бразил.

ЛВГ беше последниот симбол на романтичниот фудбал пред да стане заложник на глобалните корпорации, телевизиски куќи, селфи навивачите, Инстаграм фудбалерите, богатите тајкуни…