Од УХМР известуваат дека попладне ќе продолжи да дува умерен до силен ветер претежно од југозападен правец, повремено и со брзина од над 70 км/час.
Од крајот на денешниот ден, преку ноќта и утре претежно претпладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и на местата со поројни врнежи засилен ветер од променлив правец. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења и појава на град. Утре и во сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.
Засилен претежно северен ветер ќе има и во текот на утрешниот ден, особено долж Повардарието.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.