Во рамки на „Деновите на Општина Карпош“, комуналните служби организираа викенд-акција за отстранување на несоодветни натписи и пароли кои шират говор и омраза на дел од јавните површини по сите населби.
Како што информираа од Општина Карпош, несоодветните написи и пароли претходно биле мапирани.
-Во Тафталиџе 1 се отстрануваа натписите од амбулантата, која е во близина на гимназијата „Георги Димитров“. Паралелно со оваа активност, се интензивира и одржувањето на хигиената на улиците, парковите и другите фреквентни зони-соопштија од локалната самоуправа.
Освен тоа, изминативе денови, Општина Карпош организираше активности кои симболизираат хуманост, солидарност, заштита на животната средина, поттикнување креативност кај младите. За таа цел беше организирана акција за дарување на крв, започна садењето на 450 дрвја, беше распишан конкурс за пишување и цртање, а општинските служби подготвуваат и донација на 80 пакети за најранливите категории на граѓани.
-Основната цел на локалната самоуправа, особено во време на пандемија е да презема низа активности, со што настојува да биде вистински сервис на граѓаните, потенцираат општинските власти.