Се отстрануваат диви тераси на кафулиња и кафеани во скопска Чаршија

414

Градежни инспектори на Град Скопје и на општина Чаир денеска дадоа налог за уривање на диви тераси и платформи на кафулиња и на кафеани во Старата скопска чаршија, поради тоа што овие објекти со години работеле на диво без одобрение за поставување на урбана опрема.

За поставените маси и столови на јавна површина тие не плаќале комунална такса.

Од инспекторатот наведуваат дека во иднина повеќе нема да се толерираат нелегално поставени настрешници и тенди со железна конструкција, додека за масите и столовите кои ќе стојат на калдрмата во чаршијата ќе биде дозволено да се постават само чадори.

Во понеделникот општина Чаир им даде рок од 5 дена на кафеанџиите сами да ги отстранат дивите тераси и платформи, а опомената ја извршија само неколкумина газди.