Се окрупнува земјоделското земјиште во Македонија со 2,5 милиони евра европска помош

71

Уште 12 нови села се избрани за продолжување на консолидацијата, односно за прегрупирање и окрупнување на земјоделските парцели. Проектот што финансиски е поддржан од Европската Унија во вредност од 2 и пол милиони евра , го спроведува светската организација за храна и ќе трае до 2020 година.

Дванаесет локации од целата држава се избрани за консолидација на земјоделско земјиште преку проектот „Мејнленд“, финансиран од Евроската Унија, кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации.