-Љубовта ни е најважната работа, сè друго е небитно. Важен е и сексот, но ако нема разбирање, ништо од интимноста. Доколку енергетски и емотивно сте се пронашле, тоа е најубавото нешто. Не сакам да зборувам за другите, не се важни, најважно е дека јас и мојата Зорана се сакаме толку многу, вели искрено пејачот Саша Ковачевиќ, кој далеку од очите на фановите се ожени за поранешната сопруга на сегашниот дечко на Цеца Ражнатовиќ.

Тој инаку во Македонија има армија обожавателки кои го сметаат за еден од најзгодните балкански пејачи. Дали сега нашите Македонки ќе тагуваат, останува да видиме. Изненадувањето е навистина големо, особено затоа што Зорана има и дете со поранешниот маж, па детето често оди на гости кај тато кој е сега постојано со Цеца. Некоја многу интересна современа фамилија, вели деновиве белградската чаршија.