Се огласи Хамас: Без примирје нема да ги ослободиме израелските заложници

16
Палестински Хамас се огласи за првпат по ликвидацијата на Јахја Синвар, нивниот лидер.

Највисокиот политички лидер на Хамас, Калил ал Хаја, денеска ја потврди смртта на водачот на групата, Јахја Синвар.

Во телевизиска изјава тој го повтори ставот на палестинската милитантна група дека нема да ги ослободат израелските заложници што ги заробија во нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, додека не дојде до примирје во повеќемесечната војна во Газа.

-Тие затвореници нема да се вратат пред крајот на нападот врз Газа и повлекувањето од Газа, рече тој, пренесе АП.