СЕ ОГЛАСИ ИРАН: „Не сакаме ескалација на тензиите, но Израел треба да се казни“

720

Иран не сака ескалација на тензиите во регионот на Блискиот Исток, но смета дека треба да го „казни“ Израел за да спречи понатамошна нестабилност, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Насер Канани по убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран минатата недела.

Канани рече дека Иран се обидува да воспостави стабилност во регионот, но истакна дека тоа може да се постигне „само со казнување“ на агресорот – Израел, наведувајќи дека одговорот на Техеран е неизбежен, пренесе Ројтерс.

Портпаролот ги повика САД да престанат да го поддржуваат Израел, наведувајќи дека меѓународната заедница не ја исполнила својата должност за одржување на стабилноста во регионот на Блискиот Исток и затоа треба да го поддржи казнувањето на „агресорите“.