Се огласи израелското Министерство за надворешни работи за нападот врз полицаец пред израелската амбасада во Белград

114

Израелското Министерство за надворешни работи го окарактеризира денешниот напад врз припадник на Жандармеријата пред израелската амбасада во Белград како „обид за терористички напад“, пренесува Тајмс оф Израел.

„Денеска имаше обид за терористички напад во близина на израелската амбасада во Белград. Амбасадата е затворена и никој од вработените во амбасадата не е повреден. Повреден е локален полицаец. Околностите на инцидентот се испитуваат“, се вели во соопштението на израелското Министерство.

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека околу 11 часот непознато лице пукало со самострел кон припадник на Жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува израелската амбасада, удирајќи го во вратот.