Играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли ги одбројува деновите до завршувањето на неговата седуммесечна забрана поради обложување. Оваа сезона е завршена за талентот на „старата дама“, но калчолигашот реши да го задржи во своите редови.
Фаџоли сега минува низ период на рехабилитација, а како дел од тој процес, 23-годишниот играч од средниот ред се обврза да учествува во терапевтски план кој трае најмалку шест месеци за лекување на зависноста од коцкање и учество на јавни собири.
Една од тие средби се одржа пред неколку дена во близина на Торино, a Фаџоли пред присутните деца зборуваше за своите слабости.
Италијанецот им објаснил како човек може да стане зависен, во неговиот случај од коцкање, што ве тера да заборавите на сè друго и на секого, дури и на најважните луѓе во вашиот живот.
“Најтешкиот период беше пред една година, се уште се обложував и додека не бев откриен имав проблеми со семејството и пријателите. Тогаш побарав помош. Мораме да побараме помош”.
„Се обложував 12 часа на ден, секогаш со телефонот во рака, не се грижев за мојата девојка и моето семејство. Бев поинаков. Можеби предоцна сфатив дека тоа е болест“.
„Отпрвин не мислев дека ќе се соочам со казни и суспензија, а потоа сфатив. Но, кога се обложував тој страв веднаш исчезнуваше, адреналинот од коцкањето одзеде сè.
„Се започна случајно, на 16 години со пријателите. Го правевме тоа еднаш неделно. Потоа губиш пари и тоа го криеш од родителите. И тоа станува болест“.
„Секаде е истиот проблем, без разлика дали сте професионален фудбалер, кој можеби се коцка за 100.000 евра, или работник кој го прави тоа со илјада.
Фаџоли откри што прави во слободното време и како закрепнува.
“Се занимавам со спорт, поминувам време со пријателите и семејството, многу повеќе од порано. И тоа ми помага. Играм тенис. Моето патување за опоравување не е само пет месеци, туку полека се опоравувам. Се надевам дека ќе се вратам на 25 мај на мечот со Монца“.
Тоа ќе биде дуелот од последното коло во Серија А, на Фаџоли му завршува суспензијата токму тогаш и којзнае можеби во Јувентус ќе му даде шанса да запише уште некоја минута во сезоната 2023/24.